Ковачевски: Потребен е личен пример, имам визија и план за заеднички да се вратиме на победничките патеки

Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

„Како иден претседател на СДСМ, моја цел ќе биде да ја подобриме комуникацијата со членството и да дадеме фер шанса на секој кој умее и сака да работи за граѓаните. СДСМ ќе биде препознаен преку чесни, посветени и ангажирани луѓе, а посветеноста и одговорноста на секој ќе биде единствено мерило за напредок“, порачува кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски кој преку видео обраќање ја побара поддршката на претстојните внатрепартиски избори во СДСМ.

Тој вели дека работите мора да се менуваат и токму тоа го покажале последните избори, па затоа тој го повикува членството да се обедини за промените кои членовите, но и граѓаните, ги очекуваат.

-Партиските тела ќе ги зајакнеме и активираме на многу повисоко ниво. Месните одбори и комисиите ќе бидат основни тела за креирање и евалуирање на политиките на партијата“, вели Ковачевски во видеообраќање до јавноста.

Ковачевски смета дека граѓаните мора да ја вратат довербата во државата и затоа Владата мора да ги исполни нивните очекувања кои се однесуваат на поголема ефикасност во владеењето и исполнување на ветувањата. Клучот за ова според него е поставување на вистински луѓе на вистински позиции, како и воспоставување на систем во кој секој ќе биде одговорен за своите задачи.

-Потребен е поголем фокус на реалните потреби на граѓаните, на оние проблеми кои им тежат на луѓето. Во моментов е тоа економијата и животниот стандард. Да се фокусираме на решенија и многу повеќе на локално и на централно ниво да зборуваме за овие проблеми. Исто така потребно е одговорно владеење и недвосмислена борба со криминалот и корупцијата. Не се доволни успешни реформи на судскиот систем и добри закони; граѓаните сакаат да видат дека сите ние како политичари со личен пример и во пракса го спроведуваме тоа. За ова не смее да има компромис, вели Ковачевски.

Внатрепартиските избори во СДСМ треба да се одржат в недела, а освен Ковачевски кандидати за лидер на СДСМ се и Јован Деспотовски и Фросина Ременски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот