Ковачевски објави дека се сретнал со Ердоган во Прага, зборувале за енергетска соработка

Фото: Фејсбук

Премиерот Димитар Ковачевски кој денеска присуствува на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, на Фејсбук објави дека се сретнал со турскиот претседател, Реџеп Таип Едроган.

-Со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес во Прага дискутиравме за важноста од соработка со цел ублажување на последиците од светската енергетска криза. Нашите пријателски земји, традиционално негуваат добрососедски односи и верувам дека економската соработка во иднина ќе се продлабочува, вели Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот