Ковачевски: На средбата со Петков ќе разговараме за напредокот на разговорите меѓу министерствата за надворешни работи

Ковачевски и Петков на самитот на НАТО во Брисел / Фото: Фејсбук

Со оглед на тоа што и бугарскиот премиер денеска е во Рим, ќе имаме средба на која ќе стане збор за напредокот на разговорите помеѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, изјави премиерот Димитар Ковачевски по аудиенцијата кај папата Франциск во Ватикан во одговор на прашање во врска со очекувањата од средбата со Кирил Петков, јави известувачот на МИА .

Ковачевски рече дека со Петков имаат редовна комуникација која, како што рече, се одвива на најразлични теми.

-Денеска ние имавме состанок и со други официјални лица во Ватикан, со лица задолжени за меѓународни односи, со секретарот на Ватикан. Исто така, во текот на попладневните часови ќе имаме и средба со бугарскиот премиер. Јас и бугарскиот премиер имаме редовна комуникација која се одвива на најразлични теми и со оглед на тоа дека и тие денеска се во Рим, ќе имаме средба на која ќе разговараме за напредокот на разговорите помеѓу министерствата за надворешни работи, изјави Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот