Ковачевски: На денешен ден во 2019 година, прв пат се крена знамето на НАТО пред Владата на РС Македонија

Димитар Ковачевски и Јенс Столтенберг / Фото: Фејсбук
Димитар Ковачевски и Јенс Столтенберг / Фото: Фејсбук

На денешен ден во 2019 година, прв пат се крена знамето на НАТО пред Владата на Република Северна Македонија, напиша Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, на неговиот фејсбук профил.

– НАТО значи сигурност и безбедност, но во исто време отвара и нови перспективи. Регионалната стабилност како и унапредената соработка со соседите и сојузниците во НАТО алијансата, но и фактот што исклучително брзо ја завршивме воената интеграција ме прави особено горд, објави Ковачевски.

На неговиот фејсбук, премиерот Ковачевски со порака дека остануваме посветени на учеството во операциите и мисиите на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот