Ковачевски: Минималното поскапување на струјата ќе ги осигура инвестициите во обновливи извори

АД ЕСМ, потсети директорот, како стратешка и најголема компанија за производство на електрична енергија, треба да има свои инвестиции, посебно во обвновливи извори на енергија.

Со цената што ја му ја дадовме на универзалниот снабдувач се доведовме на раб на опстојување и никако не можеме да ја намалиме зашто во таков случај ќе трпиме сериозни загуби и тоа ќе се рефлектира во наредните три, пет или повеќе години, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Според него, на јавната постапка на ЕВН Хоум, АД ЕСМ понудила цена од 38,80 евра за мегават час што на крајот од годината ќе донесе профит од само 547.000 евра.

– Понудената цена на АД ЕСМ кон ЕВН Хоум е на ниво на рентабилност на работење на компанијата. Со носењето на новиот Закон за енергетика и либерализацијата на пазарот од први јули 2019 година АД ЕСМ не е регулирана компанија за продажба на електрична енергија. На тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум ние се јавуваме на аукција со наша цена која на крајот од годината ќе донесе одреден профит. Од први јули лани заклучно со јули оваа година, цената што ја дадовме на универзалниот снабдувач беше на ниво на стабилизирање на пазарот, смирување во период кога може да има турбуленции. Кога има можност за нови компании со повисоки цени да учествуваат на тендерите, ние како државна компанија учествувавме со цена која го стабилизира тој удар, односно ја држеше стабилна цената во изминатата година – објасни Ковачевски по посетата на рудниците во РЕК Битола.

Прочитајте и...  Мирен протест на учениците и просветните работници во Атина

АД ЕСМ, потсети директорот, како стратешка и најголема компанија за производство на електрична енергија, треба да има свои инвестиции, посебно во обвновливи извори на енергија.

– Согласно европските трендови полека треба да преминеме од производство на енергија на јаглен на обновливи извори. Би ги спомнал инвестиците во фотоволтаиците што во моментот се градат во Осломеј, јавното-приватно партнерство од 100 мегавати во Осломеј, новите 20 мегавати фотоволтаици во кругот на РЕК Битола, докомплетирање на ветерниот парк во Богданци и почнување постапка на нов ветерен парк во Миравци од 50 мегавати, третата фаза на ревитализација на хидропотенцијалот во земјава кој е стар повеќе од 50, 60, па и 70 години и нормално, нашата најголема активност е насочена кон проектот Чебрен, односно јавното-приватно партнерство за кое постаката ќе заврши во втората половина на септмеври – истакна Ковачевски.

Прочитајте и...  Во Прилеп ситуацијата со ковид-19 сериозна, неопходна е монтажната болница

Прочитај повеќе

Димитров: Mеѓувладина конференција до крајот на годината, за зајакнување на кредибилитетот на ЕУ во регионот

Слободен печат

Маските од денеска се задолжителни на јавни места во Минхен, казни од 250 евра за непочитување

Сашко Димовски

Две починати лица, 152 нови пациенти и 126 оздравени од ковид-19 во земјава за изминатото деноноќие

Слободен печат

Холштајн: Сакаме првата Меѓувладина конференција да се одржи за време на германското претседателство со ЕУ

Слободен печат

Хрватска останува на словенечката листа на епидемиолошки небезбедни дестинации

Слободен печат

ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ НА ДЕЛО: Тројца полицијаци претепаа Роми во Битола (ВИДЕО)

В.Т.

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ЕУ бара решителна борба против ковид-19 во вториот бран за да се избегне реприза на првиот

Слободен печат

Мицотакис со видео-порака до граѓаните: Целосен карантин не е опција

Слободен печат

Во Прилеп ситуацијата со ковид-19 сериозна, неопходна е монтажната болница

Слободен печат

Банкарските сметки на Навални се замрзнати

Слободен печат

Спасовски: Нема толеранција за говорот на омраза, мора добро да се превенира

Слободен печат

Скопје ќе стане центар за борба против лажни вести на јужното крило на НАТО

Лука Андреев