Ковачевски ги повика пратениците да ги усвојат измените на законите за ДДВ и за акцизи

Димитар Ковачевски, премиер на РСМ/Фото: принтскрин

Премиерот Димитар Ковачевски преку неговиот Фејбук профил предмалку ги повика сите пратеници да ги усвојат измените на Законите за ДДВ и за акцизи веднаш и нагласи дека ова е сега најголемиот приоритет.

– Мора сите заедно, да дадеме максимум и да обезбедиме брза и итна имплементација на сите мерки кои ќе значат заштита на животниот стандард и ликвидност на компаниите, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Измените на Законот за ДДВ и Законот за акцизи се денес е на дневен ред во Собранието, потсети и наведе дека нивното усвојување ќе овозможи да се реализираат дел од планираните мерки од пакетот со 26 мерки кој го донесовме неделава со кои пред сѐ ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот