Ковачевски: Францускиот предлог е поволен за нас и солидна основа за градење државнички став

Францускиот предлог е поволен за нас и е солидна основа за градење на државничи став за можноста која се отвара за нашата земја, рече премиерот Димитар Ковачевски по средбата со лидерите на партиите од владината коалиција, на која им го презентираше документот што го усогласи француското претседателство за македнките преговори за членство во ЕУ. Се уште нема усогласен став дали коалицијата го прифаќа предлогот, затоа што, како што рече Ковачевски, лидерите прво ќе се консултираат внатре во своите партии пред да дадат согласност за предлогот, но при разговорот во Владата сите имале државнички ставови.

– Ова е прв состанок за консултативниот процес со нашата јавност. Министрите Бојан Маричиќ и Бујар Османи го образложија процесот на разговорите и францускиот предлог, разговаравме со факти и детали и имајќи ја на ум стратешката определба на нашата земја за членство во ЕУ. Овој предлог е поповолен за нас. Имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно изградени ставови. Ќе ги продолжиме консултациите со претседателот, кој е целосно упатен, а ќе дебатираме и во парламентот, со опозицијата, медиумите и со граѓанскиот сектор – рече Ковачевски, додавајќи дека потонале сите лаги.

Тој е категоричен дека во разговоите со Бугарија се држеле до утврдените позиции и го бранеле нашиот интерес и идентитет, со зачувување на црвените линии што се консензуално утвредни во Собранието.

Ковачевски повтори дека Владата има план и стратегија што дава резултат. Во предлогот јасно и недвосмислено се зборува за македонски јазик, протоколот за следење на Договорот за добрососедство е надвор од Преговарачката рамка.

Во врска со опозицијата, тој рече дека обврска на секој политичар во државата е да мисли на генерациите напред, а не само на својата политичка кариера и изборните резултати.

– Лидерски концепт во политиката значи кога треба да се каже не, да кажете не. Јас во Брисел, подржан од престедателот и коалицијата кажав не за нешто што не е добро и продолживме со разговори. Дојдовме до решение за кое денеска разговара. Сите партии треба консензуално да се борат за подобра иднина. Ние не смееме да бидеме држава која не сака да се интегрира. Може човек да одлучи самиот да биде излоран, може политичка партија да одлучи да биде изолирана,  но не смее да дозволи државата и граѓаните да бидат изолорани. Оваа држава е во срцето на Европа – рече Ковачевски.

Тој не сакаше да ги коментира пишувањата во бугарските медиуми дека новиот предлог од Франција вусшност е истиот, што македонската страна го одби.

– Суштината е дека бугарското собрание во изминатиов период донесе нова резолуција со која ја анулираше претходната резолуцијата која беше рестриктивна за кревањето на ветото и тоа овозможи да дојдеме до овој предлог – рече премиерот.

Тој најави дека нема да има референдум за прифаќање на предлогот, туку ќе оди во собраниска процедура, согласно Уставот и законите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот