Ковачевски: ЕСМ сака да инвестира во енергија, не се прифатливи опциите и понтаму да менаџираме со Попова Шапка

Васко Ковачевски / Фото: Слободен печат, Архива

Минситерот Крешник Бектеши потенцира дека која било опција да се избере за Попова Шапка една од главните критериуми е поставување инсталација за вештачки снег.

Двете можности, Попова Шапка целосно или со приватен партнер да се раководи од страна на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) не се прифатливи за компанијата, истакна директорот Васко Ковачевски околу прашањето што ќе се прави со скијачкиот центар откако беше направени физибилити студија за развој. Фокусот на ЕСМ треба да биде производство на енергија, потенцира директорот.

– Наша препорака како управен одбор до Владата беше капацитетите на Попова Шапка да се дадат на продажба. Во моментот имаме доставено барање до Биро за вештачење да се направи проценка на капацитетите. После таа проценка заедно со Влада ќе донесеме одлука кога и како ќе се спроведе таа процедура, рече Ковачески.

Тој истакна дека интерес на инветситорите е да се купат објектите, односно хотелите. Се уште се размислува кој и како да ги менаџира ски лифтовите.

– Хотелот Попова Шапка и во студијата се кажува дека е во многу лоша состојба, се предлага да биде урнат, за Славија да се инвестира и да биде во функција. Но останува што ќе се прави со ски-лифтовите и другата инфраструктра. Ние имаме размислувања, но тоа ќе се разговара на Влада, сметам дека Попова Шапка ќе добие сериозна инвестиција и ќе биде еден од позначајните центри во регионот. За жичниците треба да се најде решение, истакна Ковачески.

Минситерот Крешник Бектеши потенцира дека која било опција да се избере за Попова Шапка една од главните критериуми е поставување инсталација за вештачки снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот