Ковачевски: Економските мерки дале резултат, годинава ќе имаме раст од над четири отсто

Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ/Фото: СДСМ

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски, денеска во објава на Фејсбук напиша дека имаме добри економски показатели и релизации остварени во изминатата 2021 година.

-Зголемени се приходите, имаат раст на ниво на релизација од 15,3 отсто, што значи повеќе пари за граѓаните. Растот на економијата оваа година ќе биде над 4 отсто, што значи економските мерки кои ги реализиравме како Влада дале резултат. Имаме највисоко ниво на реализирани капитални расходи досега, повисока реализација за 45 посто во споредба со минатата година. Дефицитот е понизок од планираниот, изнесува 5,4 отсто од БДП, што значи дека задолжувањето на економијата било помало. Ова е уште една потврда дека економијата е стабилизирана и очекувам во 2022 година проекциите да се реализираат, да го забрзаме растот на економијата, во интерес на граѓаните и стопанството, напиша Ковачевски.

Тој додава дека во годината во која ни доаѓаат нови предизвици со енергетската криза, „економијата и државата се подготвени да помогнат на граѓаните и компаниите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот