Ковачевски: Договорот со Бугарија е добра основа за решавање на споровите, ни треба решение за почеток на преговори со ЕУ

Договорот со Бугарија е добра основа за решавање на споровите, а со оглед дека во многу делови се работи за историски прашања треба да ги решат самите историчари, изјави вечерва заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма.

– Без да можам да алудирам на самото интервју на Зоран Заев и на реакциите кои следувале после тоа, мислам дека Договорот со Бугарија е добра основа за решавање на споровите, а со оглед дека во многу делови се работи за историски прашања треба да ги решат самите историчари. Нам не ни треба еуфорија, не ни треба национализам, туку ни треба решение кое ќе резултира со меѓувладината конференцијата во декември, истакна Ковачевски.

Тој нагласи дека македонскиот идентитет и јазик веќе се зацртани и тоа се нашите црвени линии.

– Северна Македонија е втемелена со борбата на Македонската револуционерна организација, како и на Народноослободителната борба. Не можам да коментирам нешто што не сум видел, затоа мојот став е дека ни треба разум за да стигнеме до решение, додаде заменик министерот за финансии Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот