Ковачевски: Дел од коалиционите партнери изразија позитивни ставови по однос на францускиот предлог

Средба на Ковачевски и Мицкоски/Фото: Влада на РСМ

Дел од коалиционите партенри на кои им беше презентиран францускиот предлог изразија позитивни ставови, останатите треба да се изјаснат периодот што следи, истакна премиерот Ковачевски на денешната прес-конференција по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Во однос на консултациите, ние веќе имавме првична средба со коалиционите партнери на кои што им беше презентирано, дел од тие коалициони партнери веќе изразија позитивни статови во однос на предлогот кој го имаме добиено, дел тоа ќе ги кажат своите ставови во идниот период ние нормално имаме комуникација со нашите коалициони партнери. Остана за консултација уште дел, јас утрово имав телефонски разговор со Зијадин Села, најверојатно утре ќе се видиме со вицепремиерот за европски прашања да му биде претставен, објаснет во сите делови, изјави Ковачевски.

Во однос на консултациите со Собранието и тоа кога одлуката ќе биде претставена во Влада, премиерот рече дека дискусијата во Собранието ќе се одвива во согласност со собраниските процедури, бидејќи како што рече, „Владата не може да наложува на кој начин ќе се води расправата”.

ВО ЖИВО: Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот