Ковачевски: Честитки за 20-годишнина на ДУИ и за значајно учество во унапредувањето на демократски процеси

ковачевски-ахмети фото МИА

 Премиерот Димитар Ковачевски денеска на својот фејсбук профил упати честитка за 20-годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција.

-Честитки за 20-годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција за единство и за значајното учество во унапредување на демократските процеси и за учеството во остварувањето на стратешките интереси на земјата, пишува Ковачевски.
Тој напомена дека ќе продолжат заедно како партнери во владината и парламентарната коалиција.
-Со полн капацитет носиме политики и решенија за сериозните актуелни предизвици и во справувањето со глобалната економска и енергетска криза, напиша на Фејсбук Ковачевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот