Ковачев: Срамни се изјавите на Бучковски дека Бугарија клекнала и дека во декември ќе го тргне ветото

Андреј Ковачев и Владо Бучковски
Андреј Ковачев и Владо Бучковски / Фото: Фејсбук, Андреј Ковачев/EPA/CHRISTOPHE KARABA

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ја нарече „срамна“ изјавата на специјалниот претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски околу тоа кој е најпогоден за иден министер за надворешни работи на Бугарија.

– Срамно е што Владо Бучковски дозволува такво нешто. Всушност, тој му прави услуга на тој што го споменал за потенцијален министер за надворешни работи, бидејќи кажува дека за Македонија тој е идеален кандидат за министер. Тоа значи дека тој не е добар за Бугарија во овој конкретен случај. Срамни се изјавите на македонските политичари, професори во последните денови дека Бугарија клекнала и дека на 14 декември ќе ги пушти и дека сѐ е во ред, односно дека лошите си заминаа од Софија и дојдоа добрите, вели Ковачев во изјава за бугарските медиуми.

Бучковски неодамна изјави дека, најверојатно, новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков ќе постави свој близок човек за министер за надворешни работи, кој ќе помогне во преговорите на Бугарија со Македонија.

– Петков вели дека најдобра личност за тоа би бил Даниел Лорер, кој има исклучителни познавања и е негов најблизок соработник. Беше во неговиот кабинет кога беше министер за економија во првиот службен кабинет на Јанев. Тој е евреин, има дипломирано на Универзитетот во Тел Авив и се говори дека има искуства во преговорите и дека е идеален човек за решение. Петков вели дека тој ќе се залага за подобрување на состојбите на Бугарите во Македонија, притоа свесни дека менувањето на Уставот не е единствено решение, рече Бучковски во емисијата „Топ тема“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот