Ковачев од Пустец: ЕПП го подржуваат почетокот на преговори на Албанија и на Северна Македонија

Ова во Пустец, Мала Преспа, го изјавил потпретседателот на групата на ЕПП, Андреј Ковачев, пренесува албанската агенција АТА.

Европските народни партии го поддржуваат започнувањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија, работиме со Холандија, Данска и Франција и се надеваме дека ќе ги убедиме дека е исправно сега да започнат преговори.

Ова во Пустец, Мала Преспа, го изјавил потпретседателот на групата на ЕПП, Андреј Ковачев, пренесува албанската агенција АТА.

Додал дека „отворањето на преговорите треба да започне, но оти треба да се решаваат и проблемите”.

-Не можам да ги коментирам дискусиите во домашната политика и мислам дека тоа не е моја работа. Во интерес на граѓаните на Албанија е политичките партии да направат внатрешни компромиси и земјата наскоро да започне преговори, рекол тој.

Важно е, продолжил Ковачев, Албанија да ги исполни условите утврдени од Венецијанската комисија и Европската унија за слобода на медиумите и сите други точки.

-Очекуваме да започнат преговорите со Албанија. Ние го поддржуваме започнувањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија и сметаме дека проблемите треба да се решат, нагласил Ковачев.

Според агенцијата Балкан веб, Ковачев се сретнал и со градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, но детали од средбата не пренесува, освен фотографија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот