Ковачев: Гоце Делчев е на Македонија, никој не сака да и го земе, тој е и на Бугарија

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев оценува дека е потребен напредок на работата на Мешовитата македонско – бугарска комисија за историски прашања, за да нема одложување на почетокот на преговорите меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија. Напредокот на Комисијата е битен, покрај Договорот за добрососедство и Декларацијата усвоена од бугарскиот Парламент,  истакна Ковачев вечерва во интервју за „Еврофокус” на ТВ Телма.

Според него, Македонија и Бугарија треба да одат заедно кон европскиот пат, но прво треба да се расчисти со комунистичкото минато и да се исправат грешките во историјата, кои настанале во времето на Тито.

Тој рече дека ја почитува современата реалност и Бугарија не ја блокира нашата држава на патот кон ЕУ. Треба, наведем да се исправи историјата од времето на Тито и комунистичката диктатура за двете држави да одат заедно по европскиот пат.

– Бугарија не сака ништо да земе од Македонија, напротив сакаме во Македонија да се развие просперитет, сигурност, стабилност и да бидеме заедно во ЕУ. Да си помагаме како најблиски народи затоа што нашите претци не се поделиле, нашите претци ја немале таа омраза која беше всадена од комунизмот, југоносталгија. Знаете, целата плејада од фалсификување која ја нанесе тој ужасен криминален режим на бугарските комунисти и во Југославија. Пред тоа, српската окупација, да не се враќаме низ историјата. Но, историјата треба да биде прочистена за да можеме во сегашноста и во иднината повторно да бидеме најблиски и да си помагаме, вели Ковачев.

Прочитајте и...  Софија од утре ги затвора ноќните клубови

Бугарскиот европратеник истакна дека „комунизмот се осудува секаде во Европа, а македонската државност се темели на комунистичка основа”.

-За жал, Македонија останува единствената држава која ја заснова својата држава на АСНОМ, на комунистичката диктатура. Тоа е многу тешко прашање поврзано со Југославија, со Тито, со Колишевски, со комунизмот и која за жал е се уште единствената држава во НАТО и ЕУ каде комунизмот е во основата, рече Ковачев.

Тој додава дека меѓу двете држави треба да се развива економијата, инфраструктурата, политиките за младите, колку што е можно поблиски врски, но, како што вели, треба да ја исчисти омразата од минатото на комунизмот.

-Таканаречените историчари не работат од ноември. Поради каква било причина тие не работат и тоа е едно големо забавување кое треба да биде надоместено. Треба да постои желба за тоа. Без прочистување на минатото нема начин да имаме добра сегашност и иднина, сето тоа оди рака под рака. Се разбира, дека треба да ја развиеме економијата, инфраструктурата, политики за младите колку што е можно поблиски врски, образование, но треба да ја исчистиме таа омраза од минатото на комунизмот. Никој не сака да го земе Гоце Делчев или Дамјан Груев, Христо  и Милан Матови од Македонија. Се разбира дека тие и припаѓаат на Македонија затоа што нашите претци не биле поделени. Тие и припаѓаат исто толку на Бугарија колку и на Македонија и треба да бидат чествувани многу повеќе и многу повеќе треба да знаеме, да ги чествуваме нашите предци кои  не се делеле, наведе Ковачев.

Прочитајте и...  Филипче и одговори на опозицијата: Нема да поднесам оставка

Според него, не може да има спор за современите реалности. Никој, наведе, не може да го оспорува личното чувство на секој еден човек да биде таков како што сака да биде.

-Тоа го почитуваме и нема начин како некој да не ја почитува личната самоидентификација на секој еден човек. Така што тука не може да има спор за современите реалности. Ние зборуваме за фалсификатот од минатото, тоа треба да го расчистиме за да може Македонија да влезе во ЕУ без омразата. Без тие срамни работи кои ги направи една партија во Македонија за да освои некој процент плус да го брани Гоце Делчев од не знам што. Тој нема никаква потреба да биде бранет, тој е на Македонија. Никој не сака да и го земе. Тој е и на Бугарија. Затоа што тогаш не се делеле. Едноставно, во Кукуш кој бил со мнозинско бугарско население, роден во бугарско семејство, мајка и татко Бугари, запишан е во бугарска црва, бил во бугарското училиште во Кукуш, после во бугарското училиште во Солун, после учел на бугарската воена академија во Солун, така што станал учител по бугарски јазик во бугарското училиште во Штип. Не може да има апсолутно никаква друга интерпретација за историската личност, не зборуваме за митологијата, потенцира Ковачев.

Прочитајте и...  Девет лица ја загубија битката со ковид-19, регистрирани нови 518 случаи

 

Поврзани вести

Во светот над 1,1 милиони починати, и над 42 милиони заразени од коронавирус

Слободен печат

ВИДЕО: Трамп на гласање со маска – Гласав за кандидатот Трамп

Слободен печат

Селма остана во Франција, родителите и роднините кои ја тепаа и истрижаа протерани во Сараево

Слободен печат

Брисел со продолжен полицискиот час, маските станаа задолжителни

Слободен печат

Двајца починати и 166 новозаразени од ковид-19 на Косово

Слободен печат

Две жени од Виница и Берово починаа на штипското Инфективно одделение

МИА Агенција

Остави Коментар