Ковачев го прогласи Пендаровски „за заведен или неписмен“

фото: Фејсбук

Со остри зборови европратеникот од бугарската владејачка партија ГЕРБ, односно од Европската народна партија, Андреј Ковачев се нафрли на македонскиот претседател Стево Пендаровски, поради неговата изјава дека „земањето бугарски пасоши од страна на Македонци поради интерес е во истиот историски контекст во кој Гоце Делчев во 1900-та година не можел да се напише нешто друго освен Бугарин“. Ковачев рече дека исказот на македонскиот претседател е навредлив и за македонските Бугари и нивните предци што живееле „во тие земји“, како и се сегашните македонски Бугари, пренесе „Мета“.

– Ужасна е некомпетентноста на претседателот Пендаровски – или некој го завел или тој самиот е неписмен. Свесен сум какви политички цели следат. Не сакаат да ја признаат историската академска вистина. Тие се во тешка политичка криза – владата е под голем притисок од опозицијата за предвремени парламентарни избори, за тоа што ќе се случи во октомври во Брисел – дали Македонија и Албанија ќе добијат датум за преговори за зачленување во ЕУ и се обидуваат да ја зацврстат поддршката од македонското општество за нив – рече бугарскиот пратеник во Европскиот парламентво емисијата „Ова е Бугарија“ на бугарското радио „Фокус“.

Ковачев вели дека Бугарија не сака да го менува етничкото самоопределување на Македонците „зашто тие имаат право на тоа“ но не чини да ја одрекуваат и да ја манипулаираа историјата на нивните претци“.

– Ако се продолжи по истиот пат од времето на Титова Југославија и по ова, не се знае колку бргу Северна Македонија би можела да се интегрира во ЕУ – вели Ковачев.

Претседателот Пендаровски инаку предизвика поприлична контроверзија во Македонија, а пофални реакции во Бугарија (вклучително и од европратеникот Андреј Ковачев) во јуни, кога во емисијата „360“ на Алсат – М рече дека Гоце Делчев се изјаснувал за Бугарин, ама се борел за самостојна македонска држава.

– Значи, неспорна историска вистина е, за сите што имаат малку познавање од тој историски период, дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Но, дали не е историска вистина, стопроцентна, дека Гоце Делчев се борел за македонска држава? Автономија, независна држава, па дури на крајот оставил аманет неговите коски да почиваат во независна Македонија – рече Пендаровски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот