Ковач останува во Баерн Минхен

EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Во текот на целата сезона постојано се зборуваше за негова смена, посебно со слабиот почеток, но како одминуваше сезоната, Баерн Минхен играше се подобро и на крајот успеа да дојде и до двојната круна.

Триумфот на Баерн Минхен во Купот на Германија беше прв по пауза од три години и претседателот на клубот, Карл-Хајнц Румениге, изјави дека Ковач и понатаму останува тренер на екипата.

– Нормално дека Нико останува тренер, тоа никогаш не се доведуваше во прашање. Во Баерн се важни трофеите и тоа е нешто во кое тренерот има важна улога. Не се сомневавме во Ковач, тимот изгледаше совршено во финалето на Купот. За шпекулациите се виновни медиумите – изјави Румените.

Интересно е што Нико Ковач, втора година по ред триумфира во Купот на Германија, откако минатата со Ајнтрајт Франкфурт го победи токму неговиот сегашен тим, Баерн Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот