Ковач: Не сум среќен, ми требаат четири играчи!

EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Во интервјуто за „Кикер“, хрватскиот стручњак Ковач рече дека Баерн треба да потпише уште четири нови играчи. До сега баварскиот гигант надополнет со француските дефанзивци Лук Ернандез и Бенџамин Павар.

– Ми недостасуваат четири играчи. Во составот мораме да имаме 19 фудбалери – се зборовите на незадоволнот Ковач.

За двајцата фудбалери германскиот шампион му плати 80 милиони евра на Атлетико, односно 35 на екипата Штутгарт.

Клубот на крајот од минатата сезона го напушти Френк Рибери, Арјен Робен, Рафиња, Хамес Родригез и Матс Хумелс. На Џером Боатенг му е предложено да си бара нова средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот