Еден од најдобрите македонски ракометари на сите времиња е новиот тренер на најмладиот ракометен суперлигаш.
Игор Котевски доаѓа на местото на Андон Бошковски кој пред неколку дена се раздели со Голден Арт КЛ7. Освен со првиот тим, Котески ќе работи ќе работи на надградба на младите играчи во клубот.
Котески во својата играчка кариера има настапувано за Пелистер, Борец, Јафа-Промет Ресен, Вардар Ватростална, Борaц Бања Лука, Пелистер, РК Македонија а како тренер до сега работел во младинскатa екипа на Вардар, РК Македонија, Драчево, Пролет, Бутел и Металург 2.