Ќотек поради долгови: Три лица од Илинден завршија во болница

Македонска полиција/ Фото: Миа

Три лица биле натепани во својот дом во населбата Илинден поради долг. Според МВР, четири лица на возраст од 19, 21 и двајца на 26 години, насилно влегле во домот на З. П. (52) во населбата Илинден, почнале да ја кршат покуќнината и физички ги нападнале З. П., К. П. и Л. П.. Домаќинот во самоодбрана со остар предмет го повредил Н. П., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, a З. П., К .П. и Л. П. биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Како што стои во пријавата, причина за нападот е наводен долг на К. П. кон напаѓачите.

Пријавените лица се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот