Костовски до Заев: Не е доволно да се каже дека е Македонец, нека одговори на некои прашања

Фото: Фејсбук

Членот на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски преку својот Фејсбук профил даде коментар на објавата на Зоран Заев во која премиерот напиша дека тој е „Македонец кој зборува македонски јазик“. 

Заев: Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Добро е што Заев имаше потреба да каже дека е Македонец, еве на пример сите ние останатите таква потреба немаме зошто како него немаме “путер” на глава од предаства.
Не е доволно да каже дека е Македонец, никогаш не било спорно, барем се надевам не, но имам неколку прашања на кои Заев треба да одговори:
1. Дали македонскиот јазик има историски корени пред АСНОМ?
2. Дали постои македонско малцинство во Бугарија?
3. Прави ли разлика од споделена и заедничка историја?
4. Дали Бугарија ги окупирала Скопје, Куманово, Крива Паланка?
5. Кој ги уби ваташките деца.
Квинслингот Заев ако сака да го намали срамот еве нека одговори директно на овие прашања“, пишува Костовски. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот