Костовски до Сали: Веднаш да се отстрани модуларната болница од Општина Бутел и да се изгради модерна поликлиника

Фото: Фејсбук

Министерот за здравство Беким Сали во дебатна емисија на ТВ 21 изјави дека три модуларни болници градени во Бутел, Лисиче и Ѓорче Петров се изградени на сомнителен начин, дека имало забелешки во анексот и затоа не е продолжен проектот.

На неговата изјава денеска реагираше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој во објава на Фејсбук го потсетува министерот дека на нивната неодамнешна средба му понудил опција веднаш да се отстрани модуларната амбуланта во Бутел и дека е подготвен да изградат нова модерна поликлиника, каква што доликува на една урбана општина.

Вие ми посочивте дека немате против изградба на нова поликлиника, но дека за ваков чин ќе треба да поразговарате на повисоко ниво во Владата. Одговор од вас не добивме сѐ уште, иако од средбата помина повеќе од половина година. Кога веќе сте констатирале неправилности во изградбата на овие крајно небезбедни и недолични објекти, Ве охрабрувам да ги истражите деталите сѐ до финална завршница. Но, она што ми е поважно, овој пат јавно, повторно да Ве охрабрам, да ја отстраните модуларната амбуланта од Бутел. Јасна цел е ние како општина да изградиме нова модерна поликлиника каква што заслужуваат граѓаните.Да Ве потсетам дека доколку тоа не го направите Вие и оваа Влада, за многу скоро ќе го направи следната Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ – вели Костовски.

Тој додава дека не гледа зошто заради политички калкулации тоа да не се направи веднаш за граѓаните да не бидат оштетени и да не губат време дополнително.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот