Костовски: Ако се внесат бугарите во Уставот, пропаѓа вмровската идеја – еден народ, две држави!

Мартин Костовски, пратеникот од СДСМ во објава на Фејсбук го искажа својот став, но и упати прашања кон опозицијата по однос на инцидентот со нивниот партиски член во Охрид.

-Кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот „Мицко војвода“ за претепаниот нивен член во Охрид инаку секретар на клубот ,,Цар Борис“. Народот мора да знае дека вмровците се спремни буквално на се, за да го спречат Европското интегрирање на Македонија! Ако се внесат бугарите во Уставот, пропаѓа вмровската идеја -еден народ, две држави! Да бидеме мудри, да бидеме трезвени, не проаѓаат провокации и конструкции, поминаа времиња кога ни се сервираа националистички саги, потребен ни е модерен европски патриотизам-ги почитуваме сите-првин се почитуваме себе си, истакнува пратеникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот