Костоски и во наредните две години ќе игра за Гостивар

Долгогодишниот македонски репрезентативец Александар Костоски одлучи да потпише нов договор со екипата на Гостивар која има големи амбиции за наредната сезона. Костовски и Гостивар се договорија за двегодишна соработка.

„Моторот на нашиот тим е првиот играч кој ја продолжи верноста кон нашиот клуб. Гостивар ќе има среќа уште две години во салата „Младост“ да ги гледа мајсториите на најдобриот плеј во Македонија. Костоски продолжува да игра пред најдобрата публика во Македонија“, објави КК Гостивар на својата официјална Фејсбук страница.

Aleksandar Kostoski!Motorot na nasiot tim e prviot igrac koj ja prodolzi vernosta kon nasiot klub. Gostivar ke ima…

Publiée par KK Gostivar 1954 sur Dimanche 7 juin 2020

Претходно нов договор со гостиварци потпиша и тренерот Марјан Србиновски, додека управата на тимот откако се договори со најдобриот македонски кошаркар за 2016 година, истото ќе се обиде да го стори и со останатите искусни кошаркари кои минатата сезона го носеа дресот на овој тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот