Костоски го запре Работнички, МЗТ победнички кон Подгорица

Гостивар оствари лесна победа над Работнички/Фото: kfsm.mk

Во заостанат натпревар од 14 коло во Првата македонска кошаркарска лига составот на МЗТ Скопје Аеродром ја оправда фаворитската улога против Вардар (82:66).

За „металците“ ова е 11 победа во 17 одиграни мечеви пред утрешното заминување во Подгорица (Црна Гора) каде ги чекаат настапите од финалниот турнир во АБА 2 лигата.

Први стрелци во денешниот триумф беа Бојиќ со 21 поен и капитенот Д. Стојановски со 15 поени. На спротивната страна во составот на Вардар кој го запиша 16 порази во досега 20 одиграни дуели сезонава, прв стрелец беше Ташовски со 17 поени, шест помалку имаше Дикембе.

Со одлична и ефикасна игра во вторите 20 минути, Гостивар на гостински терен успеа да изненад и да слави победа во СРЦ „Кале“ против екипата која не знаеше за пораз во изминатиот период, Работнички, со резултат 79:83.

Во последната минута од средбата двете елипи, по поените на Американецот Питс од линијата за слободни фрлања влегоа со нерешени (76:76). Се чини дека пресуди тројката на Костоски, реализирана на 37 секунди пред сирената. Макар што во следниот напад, Костоски погоди уште две слободни фрлања, за „плус пет“ (81:76) за Гостивар.

А во преостанатите 19 секунди, прво Бундовиќ од истото место, а потоа и Младеновски од одбојка, го донесоа Работнички до (79:81). Но, Костоски остана мирен од линијата за еден поен. Реализираше уште два „пенали“ и му ја донесе победата на Гостивар.

За Работнички кој го запиша само шестиот загубен натпревар во 18 првенствени средби блескаше Младеновски со 19 поени, а кај гостиварци кои дојдоа до 12 победа во 21 одигран меч, 21 кош забележа Костоски, еден помалку Јанески.

Табела: Пелистер 37 бодови, Еуро Никел 36, Гостивар 33, Кожув 32, ТФТ 31, ФМП Академија 31, Работнички 30, Куманово 29, МЗТ Скопје Аеродром 28, МЗТ Скопје Уни Банка 26, Вардар 24, Црн Дрим 20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот