Костески: Задоволен сум од тоа како играме, напредуваме и индивидуално сме добро подготвени

Ненад Костески/ фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany

Ракометната репрезентација на Македонија по откажаниот контролен натпревар со Израел, ги продолжува подготовките за настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Ракометарите со тргнувањето за Дебрецин каде ги очекуваат натпревари со Словенија, Црна Гора и Данска, ќе се подготвуваат во Скопје, а еден од најмладите репрезентативци, Ненад Костески вели дека е задоволен од тренинзите, атмосферата и финалните подготовки како и од неговата игра на натпреварите против Кувајт и Израел.

– Првиот дел од подготовките заврши. Влегуваме во последна фаза пред Европското првенство. Се поминува во најдобар ред и ги исполнуваме задачите што ги дава селекторот. Лично сум задоволен од тоа како играме, напредуваме и индивидуално сме добро подготвени. Задоволен сум и од моите настапи на трите пријателски натпревари. Се надевам дека се ќе продолжи во најдобар ред со повреди и дека со мирни глави ќе заминеме на Европско првенство. Ги анализираме противниците. Добро ги познаваме. Со Данска игравме во квалификации и докажавме дека можеме да играме и изненадиме. Црна Гора не смееме да ја потцениме. Квалитетна селекција која се бори до крај. Словенците исто така добро ги познаваме и знаеме како играат. Се подготвуваме напорно и се надеваме на позитивен резултат – вели Костески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот