Костески: Имаме шанса да му се реваншираме на Кадетен Шафхаузен!

Ненад Костески/Фото: РК Еурофарм Пелистер

Утре од 20.45 часот во Швајцарија екипата на Еурофарм Пелистер ќе го игра својот последен 10 натпревар од групната фаза во Лига Европа против Кадетен Шафхаузен.

На едно коло до крајот во групата „Д“ Рајн Некар веќе го обезбеди првото место, моментно е на врвот со 15 бодови, следуваат ГОГ (12), Кадетен (12) и Еурофарм Пелистер (11), а веќе надвор од трката за следната фаза се Тримо Требње (4) и Татабања (0).

Ракометарите на Жељко Бабиќ имаат шанса да дојдат до втората позиција, со триумф против Кадетен, а истовремено ГОГ не слави на гости кај Рајн Некар.

Лани во првиот меѓусебен меч во Битола, Еурофарм Пелистер ремизираше 25:25 со Кадетен Шафхаузен.

– Остваривме пет победи во низа и натпреварот против Татран ни беше многу важен, за да ја задржиме хемијата како досега. Верувам дека ќе издвојуваме добар резултат во Шафхаузен. Се подготвуваме добро, ги анализираме и знаеме дека не смееме да ги потцениме. Кадетен Шафхаузен е одлична екипа. Како што знаете, тука во Битола одигравме нерешено, а тие на домашен терен знаат да одиграат добро. Затоа мора да бидеме сите заедно, цел тим како едно и да се бориме за подобар пласман понатаму во Лига Европа.

Официјално: Мараш го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Натпреварот во Битола заврши нерешено, но ете имаме втора шанса и нам ни преостанува да се обидеме да им вратиме за тоа што го пропуштивме – се зборовите на ракометарот на Еурофарм Пелистер, Ненад Костески.

И второто десно крило на битолскиот клуб Мирко Радовиќ ветува дека играчите ќе го дадат максимумот за поволен резултат од ова гостување:

– Нема калкулации од наша страна. Патуваме во Швајцарија да дадеме максимум. На првиот натпревар ремизиравме и имаме нешто да им вратиме. Во одлична форма сме, имаме пет победи во серија и сакаме хемијата да остане на ова ниво. Имаме одличен колективен дух, одиме да се бориме до последниот атом од силите, па ќе видиме дали тоа ќе биде доволно.

На првиот натпревар покажаа дека не се предаваат, играат до последната секунда. Независно колку е разликата во наша или нивна полза, не го намалуваат „гасот“ и даваат сè од себе. Ќе биде одличен натпревар и од наша и од нивна страна и се надевам дека ќе им вратиме за првиот натпревар – вели Радовиќ.

СЕХА Лига: Е. Пелистер го растури Татран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот