Костадиновски на средба со Силвестри: Во фокус можностите за остварување на билатерална соработка помеѓу уставните судови на двете држави

Фото: Уставен суд

Испитување на можностите за остварување на билатерална соработка помеѓу уставните судови на двете држави, била во фокусот на разговорите на денешната работна средба на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски и судијата, проф. д-р Ана Павловска-Данева со амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри.

Како што соопштија од Уставниот суд, претседателот д-р Костадиновски го информирал амбасадорот Силвестри за приоритетите во неговиот мандат.

Амбадсадорот Силвестри, се наведува во соопштението, пројавил интерес за прашањата поврзани со обезбедувањето на независноста и самостојноста на Судот, како и за транспарентноста и отвореноста на Уставниот суд.

– На средбата беа разменети мислења на теми поврзани со реформирање на правосудниот систем, при што судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и д-р Костадиновски изразија надеж дека реформскиот процес во сферата на правосудството ќе се одвива во согласност со Уставот и во рамките на уставните принципи, се додава во соопштението.

Амбасадорот Силвестри изразил поддршка за најавените приоритети и најавил дека лично ќе се заложи за унапредување на билатералните односи во полето на уставното судство и подобрување на севкупната соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот