Костадиновска Стојчевска: Седум години ние бевме предавници, тие патриоти, за некој да даде заклетва со Северна

Бисера Костадиновска Стојчевска / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Се согласувам дека повеќе не треба да има поделби, но да ве потсетам дека седум години ние бевме предавниците, ние бевме лошите, ние бевме тие што го направија тоа со името, ние бевме тие со Преспанскиот договор, ние бевме тие со Преговарачката рамка, вие бевте патриоти, реплицираше Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка на СДСМ, на Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната „Топ тема“.

„Сега е малку неблагодарно да зборуваме, јас еве за друго денеска ја донесов програмата, јас прво на ова вчера се осврнав. Овде има само неколку пати Северна Македонија. Ова е предлог програма за состав на Влада на Република Северна Македонија и програма за работа на владата. Прво сакам да расчистам едно многу важно прашање. Преспанскиот договор на никој не му беше мил. Промената на името никој не ја прифати со отворени раце, со драго срце, меѓутоа ние пред да дојдеме до тој момент, слушавме, гледавме како се преговарало – Долна, Горна, Вардарска, итн. За некој вчера многу драго даде заклетва со Северна Македонија“, рече Костадиновса Стојчевска.

Таа додаде дека „свесни бевме за се што ќе се случи ако премиерот, министрите и претседателката на државата не го употребуваат уставното име“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот