Костадиновска-Стојчевска: „Мал битолски Монмартр“ е македонски културен бренд

Бисера Костадиновска Стојчевска - министерка за култура / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска синоќа на свеченото отворање на светската детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ нагласила дека оваа манифестација е македонски културен и уметнички бренд, кој го негува и промовира космополитскиот дух на Битола.

– И годинава Малиот битолски Монмартр е средиште каде што младите уметници од земјава и од светот, се запознаваат, се дружат, разменуваат искуства, учат едни за други и за земјите од каде што доаѓаат, рекла министерката Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека на овој начин младите ја развиваат љубовта кон уметноста, ги шират идеите за обединост, за пријателство, за надминување и прифаќање на различностите.

Како што соопштија од Министерството за кулутра, таа истакнала дека за оваа година, проектите на „Мал битолски Монмартр“ добиле досега највисока сума на поддршка од 240 илјади денари, од Министерството за култура.

– Министерството за култура секоја година е партнер на „Малиот битолски Монмартр“ и во континуитет финансиски ги поддржува проектите на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола“, посочила Костадиновска-Стојчевска.

Денеска се одбележуваат 55 години од основањето на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола. На „Монмартр“ годинава ќе присуствуваат 20 делегации со над 120 учесници од Кина, Индија, Романија, Полска, Словачка, Израел, Турција, Бугарија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Македонија и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот