Костадиновска-Стојчевска: Европските вредности ги носиме дома, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкција и блокади

Извештаите коишто во последно време ги добиваме за напредокот на нашата држава се навистина многу поразлични од оние од пред неколку години, бидејќи оваа година особено последниот Извештај апсолутно немаше ништо негативно коешто би можело да претставува некој проблем за напредокот на нашата држава кон влез во ЕУ, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во дебатната емисија „Патот кон“ на Алсат телевизија.

Таа рече дека деновиве се слушаат попозитивни тонови во реториката.

Ние сме навистина големи оптимисти, како што покажавме со Договорот од Преспа со Република Грција и со Договорот за добрососедство со Република Бугарија дека навистина проактивно приоѓаме на решавање на проблемите, нагласи Костадиновска Стојчевска.

Пратеничката Костадиновска Стојчевска повтори дека ние ги поставивме нашите црвени линии, тоа се нашиот јазик и нашиот идентитет и затоа нема преговори.

Европските вредности ги донесовме дома, почнавме да ги имплементираме со програмата Европа дома, нагласи Костадиновска Стојчевска,

Таа нагласи дека оние реформи којшто ЕУ ги бара од нас како држава ние да ги имплементираме, и оние услови коишто треба да ги задоволиме, веќе интензивно работиме на тоа поле

Со реформите што ги спроведуваме, можам да кажам дека ние сме навистина подготвени да одговориме на предизвикот наречен Европска унија, порача пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидува да закочи се што е во интерес на граѓаните и државата.

– Тоа се покажа и со нивното однесување кога се носеше Буџетот за 2021 година и кога со месеци ги блокираа законите за анткризните мерки, тоа се покажува и денес со блокадите на Законот за наставници и стручни сорабтници, со противењето на реформите и дигитализацијата на образованието, посочи Костадиновска-Стојчевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот