Костадинов: За македонскиот иденитет и јазик не се разговара

Договор што веќе е потпишан постои. Нема потреба и нема да се случи ниту нов Договор, ниту Анекс. За идентитетот наш македонски, за јазикот наш македонски, ниту се разговарало или преговарало, ниту се разговара или преговара, изјави денеска Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

– Хистеријата што ја шири самопрогласениот хистеричен политичар Христијан Мицкоски е исклучиво во функција на штета на сопствената држава и сопствениот народ во еден период коишто е многу важен за нашата заедничка иднина, рече Костадинов, одговарајќи на прашање на денешната прес-конференција.

Во однос на најавеното гласање за доверба на Владата од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Костадинов нагласи дека благодарение на успесите на оваа Влада и на Зоран Заев во изминатиот период народот одлучил да ја даде довербата на СДСМ и коалицијата.

– Факт е дека народот ни дава власт, токму тоа и се случи. Благодарение на успесите на оваа Влада и на Зоран Заев во изминатиот период народот одлучи да ја даде довербата на СДСМ со коалицијата, секако и на Зоран Заев да ја предводи државата наредните години, тоа значи дека Христијан Мицкоски ќе остане во опозиција уште долго. Доколку сметаат дека има потреба за гласање на недоверба слободно нека повелат, мнозинството е стабилно, рече Костадинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот