Костадинов: Во тек се разговори и консултации за парламентарно мнозинство и владина коалиција

Во тек се разговори и консултации за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во одговор на новинарски прашања на денешната прес конференција.
Костадинов рече дека продолжуваат консултациите и разговорите за формирање на нов парламентарно мнозинство и нова Влада која ќе работи во интерес на граѓаните и додаде дека во интерес на разговорите не би можеле да објавуваме детали.
„Мандатар за состав на новата Влада е Зоран Заев. Како што веќе соопштивме, во тек се разговори и консултации за парламентарно мнозинство и коалиција за полн, четиригодишен стабилен мандат. Во интерес на разговорите во овој момент не би можеле детали да изнесуваме.” истакна Костадинов.
Во однос на роковите за доделување на мандатот Костадинов посочи дека за СДСМ важен е ставот на претседателот на државата, Стево Пендаровски кој вели дека веднаш по конституирањето на Собранието, започнуваат да течат законските рокови и дека доделувањето на мандатот ќе се случи согласно роковите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот