Костадинов: Тврдиме дека во законот за ЈО нема скриена амнестија за криминалот на режимот

Прислушуваните материјали остануваат докази до законскиот рок 30.06.2017, а заостаните предмети ќе бидат индиции. Законот за ЈО гарантира дека сите судски процеси кои произлегуваат од СЈО ќе добијат правна разрешница во фер судски постапки базирани на докази.

Владејачкото мнозинство верува дека законот за јавното обвинителство ќе биде донесен пред распуштање на парламентот. Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов рече дека очигледна е нервозата кај извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски затоа што не успеа да го реализира налогот на Никола Груевски и затоа прави се Законот да не биде донесе. Тој упати и апел до раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не врши притисок врз пратениците кои сакаат да го поддржат Законот.

– Високи структури од раководството на ВМРО-ДПМНЕ значително вршат притисок и тоа повеќе од заканите за уставните измени. Тоа го прават и сега неколкукратно повеќе.  Се закануваат на оние пратеници кои искажуваат подготвеност да го поддржат законот. Високите раководни структури на ВМРО-ДПМНЕ поради сторениот криминал да престанат да се закануваат овде на колегите во Собранието. Република Северна Македонија е демократска држава и со ниту една опструкција и блокада нема да се спасат од одговорноста за криминалите кои ги правеле 11 години и на штета на граѓаните и на државата, рече Костадинов.

На новинарско прашање дали за Законот за јавното обвинителство, ќе гласаат ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците, Костадинов рече дека очекуваат двотретинско мнозинство, бидејќи законот за јавното обвинителство е суштината за правна држава и владеење на правото и санкционирање на сите кои сториле кривични дела.

– Законот ја гарантира нашата европска перспектива и наша обврска како партии е да покажеме одговорност и грижа за иднината на младите генерации, рече Костадинов.

Според Костадинов со Законот за јавно обвинителство одговорно тврдиме дека нема никаква скриена амнестија за криминалот на режимот, туку ќе има одговорност за сите.

– Законот значи дека ќе има правна завршница за сите судски случаи во кои се обвинети поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, а меѓу нив и Никола Груевски, шефот на извршителот Мицкоски, вели Костадинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот