Костадинов објави дека обезбедиле возило за струмичката болница, ќе пристигне во декември!

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Во консултации со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче би сакал да ја информирам јавноста дека е обезбедено ново амбулантно возило и најдоцна за 2 месеци, до декември оваа година треба да пристигне за струмичката болница, објави пратеникот од Струмица, од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов.

Ова следува откако директорот на струмичката болница, Наќе Гогов преку статус на Фејсбук побара граѓаните да донираат за ново возило за струмичката болница, но по негативните коментари се повлече.

-Го разбирам притисокот кај здравствените работници. Дополнително се прват напори и за повеќе, во првото тромесечије од 2021 како донација од Кина ќе пристигнат 60 амбулантни возила за Македонија. Само со искрен разговор, со силни заложби можеме да ги решаваме сите проблеми, наталожени поради непреземање ништо во минатото но и оние кои произлегуваат од секојдневието. Како политичар секогаш сум давал сè од себе за мојата Струмица, тоа и ќе продолжи со сигурност!, напиша Костадинов.

Недостигаат болнички возила во Струмица, директорот Наке Гогов моли за помош

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот