Костадинов: Неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ излезе на виделина, 30. асистенти остануваат на улица

Денеска политиканството, неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ излезе на виделина. Заради популизам блокираа носење на одлука за утврдување број на потпретседатели на Собранието. Денеска истекува договорот на асистентите кои им излегуваат во пресрет на пратениците секогаш кога им е најпотребно, стои во дел од постот на пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов на Фејсбук.

– Заради популизмот на ВМРО-ДПМНЕ од утре најблаго кажано 30 асистенти остануваат на улица, заради нефункционален буџетски совет кој го води потпретседател. Со ова се фрла сериозна дамка за самата функционалност на Парламентот. Јас им благодарам на сите асистенти независно од нивната политичка определба за несебичниот ангажман во Собранието, напиша поранешниот портпаролот на владеачката партија.

Костадинов патем упати извинување до сите заради, како што наведе, „неодговорните политики на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ поради кои останавте без работа“ и нагласи дека „стои на располагање на сите, независно дали биле асистенти на пратениците од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, АЛИЈАНСА и останатите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот