Костадинов му врати на Стоилковски: Нема да ме исплашите – Слободен печат
ВестиМакедонија

Костадинов му врати на Стоилковски: Нема да ме исплашите

Нити ќе ме исплашите, уште помалку ќе ме спречите да ја говорам вистината, кога сум чист и целосно одговорен пред целата јавност, реагира портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, откако Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ го праша дали се плаши од фотографии и пораки во телефонот на осомничениот во „Рекет“, кои, како што рече Стоилковски, се со срамна и неморална содржина?

„Затоа сум секој ден пред граѓаните, со зборови кои тежат и со чист образ. Ајде сега да зборуваме за образите на Мицкоски и Јанушев. Редно е да каже дали се видел со Груевски, италијанскиот новинар и други луѓе од Словенија? Кога и каде? Ако се видел? Што му дале? Дали тој нешто им дал и што е тоа? Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори на овие прашања“, напиша Костадинов на фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close