Костадинов: Може да се случи да немаме избори ни во редовниот термин во декември

Ние длабоко навлеговме во зоната на критични рокови што многу лесно може да се случи да немаме избори ниту во редовниот термин во декември. Никој не може да предвиди што може да се случ наесен, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов одговарајќи на новинарско прашање дали се прават некакви обиди за обновување на комуникацијата меѓу двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за договарање на датумот на избори.

– Прашањето дали ќе има избори на 5 јули не е прашање на политички преговори, натегања и исполнувања на нечии желби, туку уставна и законска обврска, зошто? затоа што справувањето со коронавирусот, носењето на мерки за заштита на здравјето на граѓаните и за економијата, можат да бидат обезбедени исклучиво со инстутуции коишто ќе имаат полн капацитет и легитимитет даден од граѓаните. Јас знам дека одржување на избори во еден ваков период е предизвик, но верувам дека се единствена алатка во една функционална парламентарна демократија за надминување на проблемите со коишто се соочуваме. Оттука, заклучокот е дека изборите во овој период се единствено решеније, а не проблем, рече Костадинов.

СДСМ е за избори на 5 јули, додека за ВМРО-ДПМНЕ изборите не се приоритет и треба да се одржат кога нема да има заразени со новиот вирус ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот