Костадинов: Мицкоски го промени ставот во рок од неколку месеци

Откако лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави протести под мотото ,,Слобода за уставобранителите”, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов преку својот фејсбук профил го обвини дека ставовите на Мицкоски се менуваат во рок од неколку месеци.

Како главна причина тој ја посочува тоа што „главниот финансиер“ на ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи на бизнисменот Орце Камчев, е во затвор.

 

„Што се смени кај Мицкоски во период од неколку месеци? Од признавање вина, до повик на масовни протести. Единствената промена е што во овој период во притвор отиде еден од главните финансиери на оваа криминална партија ВМРО-ДПМНЕ. Правото на протест е со устав загарантирано, ама и мојата обврска до моите пријатели кои се активисти или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ е важна, за да им укажам на стапицата која им се спрема”, напиша Костадинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот