Костадинов: Мицкоски го предлага суспендираниот Владимир Панчевски за шеф на новото обвинителство

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Христијан Мицкоски за шеф на новото Јавно обвинителство го предложи Владимир Панчевски кој е суспендиран и против кого се води истрага за злоупотреба на АКМИС системот, рече Костадин Костадинов член на ИО на СДСМ и портпарол на партијата во емисијата Патот кон… на Аласат., зборувајќи за позицијата на ВМРО ДПМНЕ да заштитува криминал на режимот на Груевски.

Костадинов истакна дека значајно е што предметите од СЈО се обезбедени и по нив ќе постапува надлежна институција. .

-Јасно порачавме дека правна држава и правда мора да има и  секој кој се огрешил пред законот  мора да одговара- истакна Костадинов.

Тој додаде дека сето тоа направи паника во ВМРО –ДПМНЕ кои прават последен обид да ги спасат криминалите и криминалците , а кои што за владејачката партија значат црвени линии кои нема шанси да се поминат.

– Сепак оставаме простор согласно демократските принципи ВМРО-ДПМНЕ да се огради од криминалите и криминалците и заеднички да го донесеме законот за ЈО– посочи Костадинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот