Костадинов: Мицкоски го лажеше Борисов дека докторирал во Италија, а магистрирал во Германија

Портпаролот на владејачката партија СДСМ, Костадин Костадинов, објави Фејсбук статус во кој пишува дека Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, „го лажел бугарскиот премиер Бојко Борисов за своето образование“.

„Лажењето го наследил од неговиот шеф Груевски. Колку лаже Мицкоски е доказ и средбата со Борисов каде што, практично го излажа на Борисов ама буквално се што кажа. Ова е една од многуте лаги.
Мицкоски го лажеше Борисов дека докторирал во Италија, магистрирал во Германија. Заборавил дека постои веб платформа на машинскиот факултет, каде јасно се гледа дека Мицкоски дипломирал, магистрирал и докторирал на машинскиот факултет во Скопје. Лагите на Мицкоски немаат крај, но сите од прва до последна ќе ги извадам на површина. #ПатолошкиЛажго“, пишува Костадинов на својот Фејсубк профил.

Овој статус на Костадинов, се однесува на разговор меѓу Мицкоски и Борисов, во кој наводно македонскиот политичар му рекол на бугарскиот премиер дека „докторирал во Италија, како и дека поминал магистратура во Германија“.

Од друга страна во работното резиме на професорот Мицкоски, кое го споменува Костадинов во својот статус, стои дека тој магистрирал и докторирал во Македонија, на Машинскиот факултет во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот