Костадинов: Мицкоски е на браникот на криминалот, на спротивната страна од полицијата и правдата

Уште еднаш се потврди, Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот, на страната на криминалците, на спротивната страна од полицијата и правдата.

Во тек на сложена полициска акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши Христијан Мицкоски недозволиво пласираше информации со цел да ја саботира акцијата и натамошната истрага за овој случај.

Поради соодветната реакција на МВР, намерите на Мицкоски да одбрани криминлаци пропаднаа.

Не е ова некакво ново однесување на Мицкоски. Дека тој цврсто стои на браникот на криминалот и криминалците е негов белег и граѓаните тоа многу добро го знаат.

Но, овде станува збор за одговорност. Не може никој, најмалку политички субјект да се обидува да руши истраги, да заштитува криминалци, да саботира акции на државни органи.

Обидите на Мицкоски за саботажа на полициската акција и загрозување на истрагата треба да бидат предмет на интерес и на Јавното обвинителство.

Јавноста очекува соодветна реакција.

Одговорност мора да има за оние кои го прекршиле законот, за оние кои на каков било начин, помагале во тоа или ја саботирале акцијата.

Тоа што се заплеткаа Мицкоски и Чулев со лажните вести откако беа демаскирани е уште еден показател за нивната заедничка цел.

Прво лажно тврдеа дека Наќе Чулев бил тој кој ја покренал оваа акција, па потоа самиот Чулев да каже дека ја реактивирал па потоа дека ја завшил… Еден хаос во ВМРО-ДПМНЕ, фатени живи како саботираат полициска акција.

Залудни се обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја попречат правдата, да работат против правдата и законите.

Државата, надлежните институции остануваат посветени на бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата колку и тоа да не му се допаѓа на бранителот на криминалот Христијан Мицкоски, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот