Костадинов: Мицкоски да предложи министер согласно Уставот

Христијан Мицкоски да преземе одговорност и да предложи кандидат за министер за внатрешни работи кој ќе биде во согласност со Уставот, повика портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Тој посочи дека доколку биде прифатлив предлогот за МВР, уште утре Зоран Заев ќе поднесе оставка и ќе се формира техничка влада.

-На 12 април нереформираното ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги чека уште еден убедлив пораз – рече Костадинов.

Претходно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски најави дека во текот на денешниот ден ќе предложи ново име кандидат за технички министер за внатрешни работи. Тој тоа ќе го стори откако ќе ги заврши, како што рече, последните консултации со премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

До ова дојде откако владата го одби како неуставен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки кој доаѓа од АРМ да биде на чело на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот