Костадинов: Македонија е агресивна, не е како Бугарија

Костадин Костадинов
Колаж: Костадин Костадинов, бугарското и македонското знаме / Фото: МИА

Лидерот на антиевропската и популистичка партија „Преродба“, која изненадувачки влезе во 47. Народно собрание на Бугарија, Костадин Костадинов, коментираше за БНР на темата за патот на Северна Македонија кон Европската унија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Костадинов е дециден дека Бугарија нема начин да се откаже од историските спорови и дека не треба да се прават отстапки.

– Македонија е агресивна, не е како Бугарија и си ги следи своите интереси, коментира Костадинов Во моментот кога ќе почнат преговорите, можеме да очекуваме дека глупостите во учебниците во Северна Македонија ќе почнат да се гледаат во официјалните европски документи. Костадинов додаде дека македонскиот јазик е бугарски дијалект. Но, ако влезе во ЕУ, ќе добие официјален меѓународен легитимитет. Современите неолиберали го гледаат членството на ПЦМ во ЕУ како анексија, како што ја припоија Црна Гора кон НАТО, со цел да изградат санитарен кордон во центарот на Балканскиот полуостров за да ги спречат обидите на Русија за можна преродба овде. Македонија е голема алка во големата геополитичка игра меѓу САД и Русија, изјави Костадинов.

Костадинов кажа дека доколку Радев не побара поддршка за вториот круг од претседателските избори во Бугарија, „Преродба“ нема да поддржи ниту еден од двајцата кандидати за претседател на Бугарија во вториот круг в недела.

Партијата на Костадинов на парламентарните избори во неделата освои 4,88 отсто од гласовите на избирачите и стана парламентарна партија во 47. Народно собрание на Бугарија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот