Костадинов: Блокирања сообраќајници низ државата на ВМРО-ДПМНЕ се само уште една потврда колку се деструктивни и антинародни

Костадин Костадинов/ Фото: Фејсбук

ВМРО-ДПМНЕ и во Собранието и надвор од него се што прави се деструкции, блокади на важни процеси за граѓаните и државата. Нивните најави за блокирања сообраќајници низ државата се само уште една потврда колку Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се деструктивни и антинародни, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот и пратеник на СДСМ Костадин Костадинов.

Тој посочи дека додека Владата и институциите прават сериозни дипломатски напори за да го откочат процесот на евроинтеграциите за да се надминат неразумните блокади, ВМРО-ДПМНЕ се поставува спротивно на државните и националните интереси, спротивно од стратешките интереси.

-Проблемот е што ВМРО-ДПМНЕ вака се однесува и во Собранието, па блокира и нов Клинички центар, како што блокираше и закони за антикризна поддршка на граѓаните и стопанството, финансирање здравствени установи среде криза. ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието блокира закон со кој над 3.000 наставници и стручни соработници ќе добијат вработување на неопределено време, рече Костадинов.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, правеа и се уште прават обиди да се спречи нормално функционирање на државата.

– Надвор од ова Собрание, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со лаги и измислици се обидува да ги руши македонските позиции и тоа во крајно чувствителен момент. Ова е тотално немање сенс за националните интереси.Ова е саботирање на напорите да добиеме меѓувладина конференција во исклучително чувствителен период на меѓународни напори за премостување на блокадата во ЕУ, изјави Костадинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот