Костадинов: Адаптираме простор за земање брис за детектирање на Ковид- 19 во Валандово

Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за состојбата во општина Валандово.

-Сите надлежни институции коишто можат да помогнат се вклучени во Општина Валандово. Вршиме редовна дезинфекција на општината, школите, улиците, градинките… Нудиме помош на најралнивата група – возрасните, рече Костадинов.

Тој кажа дека голем број компании се вклучија во акцијата за изработка на маски, како и дека граѓаните на Валандово се дисциплинирани и ги почитуваат мерките на Владата.

-Затворени се јавните површини, паркови и градски пазар. Адаптираме простор за земање брис за детектирање на КОВИД-19. Голем број на општествени компании се вклучија во производство на текстилни маски кои бесплатно ги поделивме. Во локалната самоуправа во Валандово се работи во смени. Се прилагодуваме на состојбата и целосно ги почитуваме мерките на Владата. Граѓаните на Валандово се дисциплинирани. До сега немаме регистриран случај, изјави градоначалникот Костадинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот