Коста Манев се врати во Струмица

Фото: Brera Strumica

Eкипата на Брера Струмица го ангажираше 31 годишниот Коста Манев одбрамбен фудбалер кој своевремено беше дел од екипата на Аакдемија Пандев Брера Струмица. Тој веќе се приклучи на струмичкиот состав, откако во последната првенствена сезона настапуваше за Македонија ЃП.

Манев важи за доста искусен фудбалер и столб во одбрамбената линија на секој тим, каде настапувал. Седум сезони играше во финскиот фудбалски шампионат а има настапувано и за Вардар, Вележ од Мостар и Ал Кхалдија од Бахреин

Последната сезона Манев за Македонија ЃП одигра 26 првенствени меча.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот