Косовските власти не му дозволија на српскиот патријарх да влезе во Косово

Фото: Oliver BUNIC / AFP / Profimedia

Косово го врати српскиот патријарх Порфириј од административниот премин Мердаре. По рутинска контрола на српската страна на административниот пункт, на косовска страна, автомобилот на патријархот и неговите соработници бил одвоен од колоната, а на патниците им било кажано „да чекаат”, јавуваат српските медиуми.

Претходно министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека на патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Порфириј не му е забрането да го посети Косово.

Од Косово беше побарано да ги осуди или да се огради од „дејствата на членовите на Црквата кои даваат поддршка на криминалните групи на северот на Косово, кои се сметаат за одговорни за барикадите”, се наведува во соопштението на ова министерство.

Попладнево по четириесетминутното задржување на патријархот Порфириј не му беше дозволен влез на Косово, по што со своите соработници тој се врати во централна Србија, пренесува РТС.

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, потврди дека на српскиот патријарх Порфириј од страна на Приштина му е забранет влез на Косово.

„Неговата Светост беше физички вратен од преминот Мердаре. Со ова насилството на Курти врз српскиот народ достигна невидени размери, напиша Петковиќ на Твитер.

„Ускратување на правото на поглаварот на Српската православна црква, човекот кој проповеда љубов и мир, да престојува во својот дом во Пеќката патријаршија, каде што се наоѓа вековното седиште на српските патријарси, е злосторство на кое современата цивилизација не била сведок. Албанските зулумќари денеска влегоа во аналите на историјата, нагласи Петковиќ

Српско-косовски тензии се чини дека ескалираат, откако денеска српската војска постави артилерија во близина на граничниот премин Јариње.

Српската војска постави артилерија кај граничниот премин Јариње

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот