Косовскиот тим кој преговара со Србија, прогласен за неуставен

Косовскиот тим за преговори со Србија е прогласен за неуставен од страна на Уставниот суд на Косово.

Судот пресуди во корист на предметот поднесен од страна на две опозициски партии, Демократскиот сојуз на Косово и Движењето „Самоопределување“, со кое се оспорува за неуставен Законот за косовската делегација во преговорите со Србија, пренесува РСЕ.

Во соопштението за медиумите, меѓу другото, наведено е и дека Уставниот суд констатирал дека „Државната делегација, која е основана со оспорениот Закон, не е предвидена со Уставот и не е предвидена внатре во формата на владеењето и поделбата на власта”.

Во декември 2018 година, Косовското Собрание го усвои Косовскиот преговарачки тим, предводен од вицепремиерот Фатмир Лимај и лидерот на Социјалдемократската партија, Шпенд Ахмети.

Овој тим беше предвиден да функционира врз основа на Законот за надлежностите и одговорностите на Косовската делегација во преговорите со Србија, но кој беше оспорен од ДСК и Самоопределување, кои побараа од Уставниот суд толкување.

Веднаш по одлуката на Уставниот суд, ко-преговарачот на тимот, Ахмети, рече дека утре (петок) ќе поднесе оставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот