Косовскиот претседател смета дека Гарнел одлично ја врши задачата

Тоа што другите не го направија за 20 години, Гренел го направи за неколку месеци, рече Тачи.

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја искритикува Европската унија и го пофали американскиот претседател  Доналд Трамп заради вниманието што неговата администрација го посветува на решавањето на спорот меѓу Косово и Србија.

Како што пренесува Косово онлајн, Тачи во емисијата  „А Шоу”‘ на телевизијата „Т7″  кажа дека американскиот специјален пратеник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, одлично си ја извршува својата работа.

-Тоа што другите не го направија за 20 години, Гренел го направи за неколку месеци, рече Тачи, наведувајќи дека „ЕУ го предаде Косово, особено за визната либерализација”.

Тој оцени дека Косово ги исполни сите свои обврски и стандарди за либерализација на визите, а дека ЕУ тоа не го уважи, со што неправедно ги казни граѓаните на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот